1939 Mercedes-Benz 770K Grosser Open Tourer, познат и по прекарот Super Мercedes беше парадно возило на Адолф Хитлер

hitler-mercedes-benz-770k-grosser_827x510_51514627129

Луксузниот Мercedes кој на нацистичкиот лидер му служел за парадно возење, ќе биде продаден на 17 јануари на аукција во САД, објави куќата Worldwide Auctioneers.

18710175345a428a7727a52194815319_v4_big

Станува збор за еден од само четири произведени модели. За погон на ова блиндирано возило е задолжен 7.7-литарски 8-цилиндричен мотор со 230кс, со 5-степен менувач, а максималната брзина му е 160км/ч.

ex-adolf-hitler-1939-mercedes-benz-770k-parade-car-heads-to-auction_5

Познат и по прекарот Super Мercedes, автомобилот бил моќен пропаганден инструмент на Третиот рајх – Хитлер во него се возел на победничката парада во Берлин по капитулација на Франција во 1940 година, како и при посетата на италијанскиот диктатор Бенито Мусолини на Германија.

ex-adolf-hitler-1939-mercedes-benz-770k-parade-car-heads-to-auction_1

Додека сојузничките сили напредувале низ западна Европа, пред крајот на војната возилото било запленето во Франција од страна на американските војници, кои не знаејќи ништо за неговата историја, го вклучиле во возниот парк на воената полиција.

ex-adolf-hitler-1939-mercedes-benz-770k-parade-car-heads-to-auction_3

По војната, автомобилот го купува еден Белгијанец, по што се наоѓа во сопственост на ветеранското здружение од Вирџинија, за потоа повторно да се врати во Европа во 2002 година.

ex-adolf-hitler-1939-mercedes-benz-770k-parade-car-heads-to-auction-122494_1

Сумата од 10 отсто од цената на автомобилот, кој ќе биде продаден на најавената аукција, ќе биде донирана за едукациска кампања за нацизмот и Холокаустот, за истите да не се повторат никогаш повеќе.

ex-adolf-hitler-1939-mercedes-benz-770k-parade-car-heads-to-auction_8

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.