Миланската компанија Romeo Ferraris ја претстави својата креација наменета за (пре)богати клиенти од регионот на Персискиот залив

Romeo Ferraris Cinquone Qatar2

Fiat 500 и тјунерските куќи одлично се сложуваат, а некои од преработките кои до сега се направени се навистина екстремни. Но, ниту една не е ни блиску на оваа денешната.

Romeo Ferraris Cinquone Qatar3

За жал, тука не мислиме на силата на погонскиот 1.4 турбо агрегат, 249кс и 330Nm, туку на нивото на луксуз и невкус истовремено.

Romeo Ferraris Cinquone Qatar4

Белата играчка на сликите поседува исклучително ексцентричен ентериер – најфина бела кожа, златни декорации и персијанери за нозете на патниците се само дел од деталите. При ова, возилото има посебен заштитен кафез, а задните седишта се исфрлени.

Romeo Ferraris Cinquone Qatar5

Изгледа неспоива и комбинацијата на две спортски кациги, кои идниот сопственик ги добива во комплет со возилото и чаши за шампањско на предната арматура.

Romeo Ferraris Cinquone Qatar

За крај ќе прецизираме дека овој модел од место до брзина од 100км/ч пристигнува за 5,5 секунди и не застанува до максималните 240км/ч.

Повеќе вести од денес тука.

Facebook Comments

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.