Ноќна мора на секој возач во Македонија е токму оваа појава, а колку се опасни сведочи видео прилогот кој денес го презентираме

Ударни дупки

Освен што се погубни за пневматиците, фелните и подвозјето на автомобилот, ударните дупки можат да предизвикаат и многу поголема штета, но и директни повреди на патниците.

Колку се опасни ударните дупки, сведочи реалниот експеримент во вистински услови на возење.

Тест возилото е Mercedes-Benz E-Class W211, а „патеката“ е една од најоштетените улици во Чикаго.

Тестирано е директно возење врз ударни дупки со различни брзини и веднаш е воочено дека поголемата брзина може да биде најмалку погубна по возилото, доколку дупката не е премногу голема.

Но, при брзина од околу 60 километри на час, ударната дупка толку многу влијаела врз безбедноста на возилото што дури се активирале воздушните перници. На големо изненадување, сензорите за удар не биле активирани, ниту воздушната перница во воланот, туку на совозачкото место, значи спротивно од позицијата на ударот врз автомобилот.

Повеќе вести од денес тука.

Facebook Comments

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.