Peugeot Sport дивизијата го претстави моделот 308 TCR изработен по стандардите на туринг концептот на Марчело Лоти

26220284_1744913878872447_6935147817049485610_n

Peugeot Sport дивизијата го претстави моделот 308 TCR, својот најнов производ наменет за клиентско натпреварување, изработен по стандардите на туринг концептот на Марчело Лоти.

Овој болид „Францускиот лав“ го нарекува „значајна еволуција“ на моделот 308 Racing Cup, кој настана врз базата на серискиот 308 GTi.

Peugeot го лансираше ова возило во потполност по TCR спецификацијата, но не откажувајќи се од своето мономарка натпреварување наменето за 308 Racing Cup автомобилите.

26167741_1746289882068180_4920279849832449285_n

Шасијата, моторот, менувачот и аеродинамиката на овој модел се работен специфично за потребите на TCR шампионатот и сите спринт и ендјуренс серии за возилата со оваа спецификација.

Peugeot 308 TCR може да се нарача од 3 јануари годинава по цена од 109.000 евра, а првите испораки на тркачкиот автомобил следуваат од април месец.

Истовремено е достапен и каталог со сите расположливи опции.

Погонуван е од THP агрегат со 4 цилиндри, турбо полнач и интеркулер, монтиран попречно пред предната осовина.

Силата му е декларирана на 350кс при 6.000в/мин, а вртежниот момент изнесува 420Nm при 3.000в/мин.

Произведувачот наведува дека моторот без интервенции може да помине 5.000 километри, што е скоро двојно поголема дистанца од целата натпреварувачка WTCR сезона.

На светската јавност болидот ќе биде прикажан на штандот на Peugeot на женевскиот Автосалон од 8 до 18 март.

Повеќе вести од денес тука.

Facebook Comments

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.