По краткото загревање и одмерување на силите, ѕвездите на „Францускиот лав“ фуриозно тргнаа напред, газејќи се пред себе

26169230_1751881134842388_8744308919666496866_n

Овогодишниот Dakar Rally стартуваше минатиот викенд и додека повеќето фанови беа изненадени од резултатите на првата етапа, на која триумфираше Nasser Al-Attiyah во Toyotа Hilux, пред ѕвездите на Peugeot, веќе во втората етапа се си дојде на своето место.

26196013_1753329754697526_8766802191670416283_n

На победничкиот подиум Етапа 2 се најдоа дури три болиди на „Францускиот лав“, со Сирил Депре на највисокото скалило, пред Лоеб и Петерхансел, додека шести беше Карлос Саинц, четвртиот возач на Peugeot.

26231128_1751135641583604_356053479488644454_n

Насер пристигна на целта осми, со околу 15 минути задоцнување.

26219904_1753336748030160_2900531997861754627_n

Во генералниот пласман на автомобилите Депре моментално се наоѓа во водство, 27 секунди пред Петерхансел, додека на третото место е Јужноафриканецот Giniel de Villiers во Toyotа.

26239153_1753329261364242_778230119575719211_n

Зад него се Лоеб и Ал-Атија, додека на седмото и осмото место се Мико Хирвонен и Карлос Саинц.

Kamaz

Во поредокот на камиони, по првата етапа екипата на Kamaz Master тргна жестоко и во моментов се наоѓа на првото место, со неполни 6 минути предност.

Toyota

Повеќе вести од денес тука.

Facebook Comments

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.