Супер спортистот произведува 710кс и 770Nm вртежен момент што овозможува брутално забрзување до 100км/ч за само 2,9 секунди

maxresdefault

Во видео прилогот може да се види како McLaren 720S вози по пат со многу кривини и по анализата логично се наметнува заклучок дека токму тој специфичен хабитат е вистинско место каде неговата сила и аеродинамика можат да дојдат до полн израз.

Брилијантната аеродинамика во комбинација со twin-turbo V8 агрегатот од 4 литри, значително унапреден од претходникот 650S, овозможуваат вистинско уживање на асфалтот.

Агрегатот произведува 710кс и 770Nm вртежен момент, кои на тркалата се пренесуваат преку 7-степен менувач со двојна спојка, што овозможува брутално забрзување до 100км/ч за само 2,9 секунди. Доколку под тркалата има доволно асфалт McLaren 720S може да развие максимална брзина од 341км/ч.

Токму овие жестоки перформанси сведочат дека McLaren 720S е подобар од своите директни ривали, модели како што се Lamborghini Huracan и Ferrari 488 GTB.

А сега одиме на вожња:

Повеќе вести од денес тука.

Facebook Comments

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.