Токму овој супериорен спортски автомобил ги „инсталираше“ Баварците на денешните позиции

BMW 327 4

За помалку од 10 години BMW го помина патот од јајцестото минијатурно народно возило до произведувач на извонреден спортски модел, кој заедно со споменатата Isetta го спасија од пропаѓање овој бренд.

Редниот шестак од 1971 ccm на BMW 327 (1937 – 1955) му овозможуваше максимална брзина од 125км/ч со послабиот и 140км/ч со појакиот мотор. До 1941 година беа произведени 1.124 кабриолети и 179 купеа со послабиот и 482 кабриолети и 86 купеа со посилниот мотор.

BMW 327 2

Првите модели имаа Hurth менувач кај кој првите две брзини не беа синхронизирани, а подоцна е вградуван целосно синхронизираниот ZF менувач.

По војната, фабриката во Ајзенхау припадна на советската зона, а производството беше обновено. Во почетокот како BMW, а по тужбата од западните сили, со нова боја на пропелерот продолжи како ЕMW.

Тогаш биле произведени 505 кабриолети и 153 купе верзии, а цените биле многу пониски од „оригиналните“.

„Преживеаните“ примероци на BMW 327 денес се продаваат за шестоцифрени суми во евра.

Повеќе вести од денес тука.

Facebook Comments

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.