Денеска ги презентираме 5-те неславни шампиони во губење на вредноста

top5-kolaza

При купување на нов автомобил, помеѓу останатото, мора да се води сметка и за тоа дали истиот ќе може да се продаде за пристојна сума, од кога ќе помине планираното време на експлоатација. Често оваа ставка може да биде пресудна кога искусен купувач е во двојба.

За некои модели лесно се наоѓа купувачот на пазарот на половни возила, додека пак други безуспешно се продаваат подолго време, односно цената мора да се спушти „до земја“ за да се продаде.

Денеска ги презентираме најголемите 5 губитици на ова поле:

5. MERCEDES SL 65 AMG

MERCEDES SL 65 AMG

Додека своевремено купувачот морал за овој модел да искешира сума од околу 150.000 евра, денес за истиот на пазарот на половни возила се доволни веќе 40.000 евра, што претставува депрецијација од дури 74% посто.

Причината за ваква ниска цена е исклучително скапо одржување.

4. MAYBACH 57

MAYBACH 57

Луксузната крстарица на Maybach во странските огласници денес може да се најде за цена веќе од 60.000 евра, што претставува пад на вредноста од 79%. Замислете го случајот каде пред десетина години сте платиле скоро 300.000 евра за оваа лаѓа, а денес за истата би добиле само 60.000.

3. VOLKSWAGEN PHAETON W12

2005 Volkswagen Phaeton

2005 Volkswagen Phaeton

Почетната цена на оваа верзија од 2005 година изнесуваше нешто повеќе од 100 илјади евра. Денес може да се најде за само 15.000, што значи дека изгубила дури 85% од својата првобитна вредност.

2. MERCEDES CL 55 AMG

MERCEDES CL 55 AMG

Кога е претставен во 2003 година, произведувачот постави почетна цена од околу 100 илјади евра. Денес се нуди за веќе од 14.000 – пад од 87%!

1. AUDI A8 W12

AUDI A8 W12-vtor

Неславниот победник на оваа листа е Audi A8 W12, кој се продаваше со почетна цена од 125.000 евра, а денес одредени примероци се нудат по цена од 15.000 евра, што е депрецијација од дури 88%.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.