Иако не е толку популарен како иконичните Miura и Countach, сепак Lamborghini Jalpa е многу важен и атрактивен сегмент на автоиндустријата

Lamborghini Jalpa3

Креиран во само 419 единици, вклучувајќи и 34 со волан на десна страна, моделот Jalpa претставува одговор на компанијата Lamborghini на Ferrari 308. Опремен е со V8 мотор од 3.5 литри, кој во комбинација со 5-степен мануелен менувач развива 255кс.

Предметниот модел е 46-ти примерок, изработен во 1983 година, поседуван од четири сопственици, пред да дојде до актуелниот – голем колекционер и љубител на Lamborghini, кој совршено се грижел за него.

Сега, овој Jalpa е поставен на листата за продавање на Silverstone Auctions, која ќе се одржи на 23 февруари во Ковентри, Велика Британија.

Аукциската куќа проценува дека овој драгоцен колекционерски автомобил, со само 85.000 изминати километри, ќе биде продаден за цена помеѓу 65 и 75.000 фунти, но ние не би се изненадиле доколку постигне многу повисока цена.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.