Peugeot е брилијантно успешен со продажбата на своите SUV модели – минатата година се пласирани скоро 600.000 единици, што претставува раст од дури 60%

20171222_130543_3_Darkroom

Во 2017 година PSA групацијата продаде вкупно 3.632.300 возила, вклучувајќи и 403.900 единици на Opel/Vauxhall, сметајќи од први август.

Ова е зголемување од 15,4 отсто во споредба со 2016 година, додека само Peugeot со продадени 2.119.845 автомобили, бележи раст од 10,4%.

Peugeot-2008-2017-1024-06

Peugeot е брилијантно успешен со продажбата на своите SUV модели – минатата година се пласирани скоро 600.000 единици, што претставува раст од дури 60%.

Peugeot-Traveller-2017-1024-01

Од оваа бројка, на прекрасниот модел 3008 отпаѓаат 259.300 продадени примероци, додека новиот 5008 е продаден во 85.900 парчиња (во продажба е од март 2017).

Peugeot-3008_GT-2017-1024-0b

PSA соопшти дека во 2017 имаа рекордна продажба и на лесни комерцијални возила, пласирајќи вкупно 476.500 (раст од 15%), односно 658.000 возила, доколку се сметаат и патничките верзии, како што се Peugeot Traveler и Citroen SpaceTourer.

Peugeot-5008-2017-1024-04

Најголемиот процент на возилата пласирани од PSA минатата година завршиле на европскиот пазар и тоа 2.378.600 единици (раст од 23,2%).

arval-psa

Голем пораст е забележен и на Блискиот исток и во Африка, каде PSA продала 618.800 возила (+61,4%), благодарение на пласманот во Иран од дури 444.600 возила.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.