Американскиот гигант Ford најави нов Mustang Shelby GT500 со најак мотор во историјата на компанијата

Mustang-GT500

Иако Ford мудро не ги откри деталите, директорот на меѓународните операции Џо Хајнријс ветува дека возилото ќе биде „street legal“.

Ford најави дека новиот Mustang GT500 под хаубата ќе има 5.2-литарски V8 агрегат со суперполнач, кој ќе биде двојно помоќен од оригиналниот Shelby Mustang GT500 од 1967 година.

Легендарниот Mustang развивал 355кс, па се очекува дека GT500 за 2019 година ќе има најмалку 710кс. Се очекува да биде во пар со 10-степена автоматика, со огромни карбон-керамички сопирачки.

Максималната брзина на Shelby Mustang GT500 моделска година 2019 би требало да изнесува најмалку 320км/ч.

Колку за споредба, Mustang GT500 од 2013 година има 662кс и 855Nm вртежен момент, а актуелниот Shelby GT350R 526кс и 580 Nm.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.