Среда, 26 Ноември 2014

Совети: Како да го заштитите и подмладите возилото (прв дел)

Екипата на „Високи октани“ се интересира за тоа како треба да се грижите за вашето возило, за возењето со и во него, да претставува задоволство и пријатно доживување. Во посета на едно од најдобрите места во градов за детално чистење, каде што разговаравме со Александар Марковски експерт за „Сонакс“ програмата за Македонија, од кого побаравме да добиеме неколку корисни совети.

326276_310314102351274_90068674_o 

Одржувањето на автомобилот да биде постојано чист, освен за визуелен ефект, го продолжува и неговиот животен век и ја подобрува ефикасноста во користењето! Факт, што на многумина кои кон автомобилот се однесуваат немарно, делува зачудувачки. Но изметот од птици, смоли од дрва и останати нечистотии може да ја нагризат заштитата, затоа трудете се барем еднаш неделно да го исперете автомобилот. Во текстот од неколку продолженија луѓето од „Сонакс“ ни даваат корисни совети, кои ги споделуваме со нашите читатели.

sonax-a-3

Заштита со (нано) лак протектор

Ако „прописно“ се нанесе заштитата со нано лак протектор, таа може да го сочува чалот на вашиот миленик на четири тркала една цела година. Но, за да се постигне тоа потребно е да се почитува процедурата и фазите за негово нанесување врз лакот на автомобилот.


sonax-a-1

Прва фаза – Пред перење на возилото

На возилото донесено во перална се нанесува активна пена што ги разложува нечистотиите што се наталожиле за време на возењето (смола, инсекти, ѓубре, индустриска прашина, масти…). Се остава извесно време, за активната пена да ги разгради овие елементи, по што следи перењето со „Вап“. Водата под притисок ги одмива наталожените нечистотии. Во никој случај не смеете пената и нечистотиите да ги отстранувате со четка, биде на тој начин ќе се создадат рисеви, гребаници на лакот.

sonax-a-2

Напомена е дека сето ова мора да се прави со оригинални средства, а не само со средства што се пенат. Само на тој начин се отстрануваат нечистотиите. Така на пример, „Сонакс“ се препознава по специфичниот пеперминт мисрис. Ова средство освен што пере и лади, што е особено корисно во жешките денови кога средството на загреаните површини може да остави дамки.

За повеќе информации посетете ја Фејсбук фан-страницата на „Сонакс“:

http://www.facebook.com/pages/SONAX-SERVICE-SKOPJE/228755847173767

Едиторијалот се состои од три дела. 

Вториот дел можете да го погледнете тука.

Третиор дел можете да го погледнете тука.

Повеќе вести од денес тука.