Понеделник, 22 Септември 2014

Совети: Како да се заштити и подмлади возилото (трет дел)

Одржувањето на автомобилот да биде постојано чист, освен визуелен ефект, го продолжува неговиот животен век и ја подобрува ефикасноста во користењето! Факт, што на многумина кои кон автомобилот се однесуваат невнимателно, делува зачудувачки.

sonax-c-2

Екипата на „Високи октани“ се интересира за тоа како треба да се грижите за вашето возило, за возењето со и во него, да претставува задоволство и пријатно доживување. Во посета на едно од најдобрите места во градов за детално чистење, „Сонакс“ каде што разговаравме со Александар Марковски, кој поминал специјални обуки во странство за „Сонакс“ програмата за одржување на возилото, да прочитаме неколку корисни совети.

sonax-c-1

Претходно предложената нано заштита гарантирано го штити лакот една година, а од професионални искуства може да се заклучи дека ако се придржувате до советите заштитата трае и до 24 месеци.

sonax-c-3

Нанесениот лак штити од надворешни влијанија, гребнатинки од гранките крај патот, од остатоците на инсекти, од камчињата на патот, од УВ-зраците, смолата од дрвјата, нечистотиите… Заштитата е толку силна што и ако се обидете со запалка да го изгребете лакот, нема да успеете во тоа.

sonax-c-4

При следното перење неме да ви пречат ни машини што чистат со груби четки, но препорачливо е тие да бидат од специјални многу меки влакна или да се користи сунѓер и шампон. Проблем претставува единствено изметот од птици бидејќи тој во себе содржи киселина што хемиски ја разложува бојата. Затоа и кога имате лак протектор веднаш штом ќе забележите петно од измет на птица отстранете го со вода, влажна крпа или отидете до најблискиот сервис за перење возила за да се исчисти од каросеријата.

sonax-c-5

Доколку ви беа интересни советите и сакате да станете фан на „Сонакс“ на Фејсбук, кликнете тука:

http://www.facebook.com/pages/SONAX-SERVICE-SKOPJE/228755847173767

Едиторијалот на совети за тоа како да се заштити и подмлади вашето возило се состои од три дела.

Првиот дел можете да го видете тука.

Вториот дел можете да го видете тука.

Повеќе вести од денес тука.