Проектот за соборување на рекорд за најбрзо копнено возило на планетава стопиран заради финансиски проблеми

Проектот Bloodhound SSС, покренат во септември 2015 година, згасна заради недостиг на финансиски средства.

Челниците на проектот потврдија дека не успеаа да ја обезбедат сумата од 30 милиони евра потребни за финансирање на овој суперсоничен автомобил (SSC) и прогласија банкрот.

Лидерот на проектот Енди Грин, кој го постави актуелниот светски брзински рекорд во 1997 година со постигнати 1.227,93 км/ч (прв надзвучен рекорд на светот) и понатаму верува дека има надеж за нов рекорд, со целна брзина од преку 1.600 км/ч.

Грин изјави дека автомобилот и сите неопходни системи се оперативни и дека е потребно финансирање само за продолженото тестирање и унапредување на возилото.

Соборувањето на рекордот било планирано за следната година во Јужна Африка.

Интересна е и информацијата што Bloodhound SSC суперсоничниот автомобил може да се купи за сума од околу 277.000 евра, колку што на пример чини и еден Ferrari 812 Superfast.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.