Ова лето Peugeot ја збогати понудата на моделот 208 со посебно издание наречено Allure Premium Special Edition

208

Акцентот на оваа специјална едиција е на богатата опрема, која помеѓу останатото подразбира и 16-инчни алу тркала со мат цени детали, панорамски покрив, затемнети задни стакла, амбиентално осветлување, infotainment систем и Apple CarPlay и Android Auto.

Тука се и електричните ретровизори со греачи, задни паркинг сензори со камера и палета од десет екстериерни бои, вклучувајќи ја и новата Orange Power.

208 2

Peugeot за 208 Allure Premium Special Edition го предвиде 1.2-литарскиот бензинец со 82кс, при што забрзувањето до брзина од 100км/ч изнесува 12,2 секунди.

Цената за 208 Allure Premium Special Edition во Велика Британија стартува од 16.565 фунти.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.