Автомобилските гиганти веќе станаа стратешки партнери, но многу лесно набргу нивната соработка би можела да достигне многу повисоко ниво

Автомобилските гиганти во јуни годинава станаа стратешки партнери, но многу лесно набргу нивната соработка би можела да достигне многу повисоко ниво.

Аналитичарите од Детроит истакнуваат дека нивното партнерство веќе го надминува пазарот на комерцијалните возила и од проширувањето на соработката и двете компании имаат значајни бенефити. Токму заради ова и постои реална можност да се створи најголема компанија во историјата на авто индустријата.

Германскиот гигант од соработката со Ford би можел да профитира благодарение на силната позиција на „Синиот овал“ на американскиот пазар, особено со сегментите SUV и камионет возила.

Од друга страна, VW може да му помогне на Ford да се пробие во Европа, Латинска Америка и Кина, каде во периодов слабо котира. Освен ова, обата произведувачи можат да профитираат со унификација на делови и изработка на заеднички платформи.

На пример, Ford своевремено беше пионер на EV технологијата, додека сега наголемо е зад VW, кој има агресивен план на електрификација. Од друга страна, Ford може да му помогне на Volkswagen да ја поправи сликата нарушена со Dieselgate аферата.

Ford во периодов се соочува со бројни предизвици, додека работи на радикалната трансформација на компанијата.

Во трансформацијата е вклучено исфрлувањето на традиционалните седан и купе модели од понудата во САД и преминување на електрични и самовозечки автомобили, пропратено со масивна експанзија на камионети, кросовери и SUV модели.

Токму заради сето ова, се чини дека моментот за воспоставување тесна соработка помеѓу двата гиганта е совршен, упатените велат целата приказна помеѓу двете компании наголемо се движи, а самото време ќе покаже дали ќе имаме заеднички Ford/VW модели на пазарот.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.