Дали би купиле Volkswagen „Буба“ за 1.000.000 долари?

„Бубата“ на Volkswagen дефинитивно спаѓа меѓу најголемите автомобилски икони, а поедини добро сочувани примероци се продаваат за високи суми, но до сега немало случај некој да ја цени милион долари.

Интересен оглас се појави на сајтот Hemmings. Станува збор за несекојдневен примерок на стара „Буба“ од 1964 година, која се наоѓа во Портленд, Орегон.

Автомобилот пред половина век го купил извесен Руди Зварич и веднаш по преземањето го оставил во складиште кај свој пријател. По точно половина век мирување (1966-2016) на километражникот и понатаму стои дека возилото е возено само 35 километри (22 миљи).

Со обѕир на тоа дека „Бубата“ не била изложена на атмосферски влијанија, оригиналната боја е и понатаму во солидна состојба, иако е прекриена со повеќедецениска прашина.

Интересен е фактот што на автомобилот не биле ставени оригиналните брисачи, ретровизорот и украсните раткапни, туку за цело време биле чувани во оригиналните кутии.

Ентериерот е исто така во фабричка состојба, вклучувајќи ги и седиштата и тапацирунгот на вратите.

Кога во 2014 година Зварич починал, автомобилот го наследил неговиот братучед. Како се наведува во огласот, кога го избуткал возилото од складиштето во кое се наоѓало, мерачот на изминатата километража се качил од 22 на 23 миљи.

Сегашниот сопственик проценил дека оваа „Буба“ е потенцијален златен рудник и за неа бара сума од, ни помалку ни повеќе – 1.000.000 долари.

Иако станува збор за исклучително сочуван примерок, каков денес практично не е можно да се пронајде, цената сепак е астрономска.

 

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.