Комичниот факт дека „неписмените“ Американци не знаат да возат автомобили со мануелен менувач, VW го искористи како маркетиншки трик

 

Познато е дека Американците претежно возат автомобили со автоматски менувачи, па за многу од нив, меѓу кои се и криминалците, нормално, мануелецот е атомска физика.

Воопшто не е реткост крадците во САД да се откажат од крадење на возило кога ќе откријат дека е опремено со мануелен менувач, бидејќи, верувале или не, тие се толку „боси“ што нема да знаат да го – возат!

Овој комичен факт го истористи маркетиншкото оделение на Volkswagen за да направи ефектна реклама за моделот Jetta GLI со мануелен менувач.

Краткото видео прикажува двајца пријатели, кои се возат по улиците на американски град.

Од кога возачот ќе го паркира своето возило и ќе излезе од него, не заклучувајќи го, совозачот изненадено го прашува:

„Зарем нема да го заклучиш автомобилот?“

Возачот на тоа самоуверено одвраќа дека нема потреба, бидејќи има мануелен менувач.

Браво за неписмените Американци!

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.