Погледнете го ултра ексклузивниот GT-R резервиран за само 50 среќници на тркачка патека во Дубаи

Станува збор, за нас добро познатата, посебна верзија на GT-R развиена во соработка со италијанската куќа Italdesign, a Nissan неодамна потврди дека ова ремек дело сепак ќе влезе во сериско производство.

Цената за 720 кс снажниот GT-R by Italdesign, во кој има вмешано прсти и NISMO, изнесува милион евра без данок, а во своите сообраќајни дозволи ќе можат да го впишат само 50 среќни луѓе.

Како ова возило звучи и изгледа во живо на пат и уште поубаво, на тркачка патека ќе можеме да видиме од следниот видео прилог:

Примерокот од видеото, кој е всушност прототип, е лакиран во Liquid Kinetic сива боја, а за да се потполни спектакуларниот изглед се грижат златни елементи.

Сериската изведба ќе биде идентична, со таа разлика што контролната табла ќе биде аналогно класична, за разлика од оваа тркачката.

Првите примероци би требало да бидат испорачани до крајот на годинава.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.