Државничките автомобили од секогаш привлекувале големо внимание на јавноста, особено кога се во прашање претседателите на САД и Русија

Пред неколку месеци видовме како изгледа новата лимузина со која се вози Владимир Путин, а нова машина има и Доналд Трамп.

Во недела на улиците на Менхетн за прв пат во јавноста е виден новиот американски „Ѕвер“, претседателскиот Cadillac базиран врз моделот CT6.

Љубителите на државнички автомобили имаа шанса да видат не еден, туку два вакви примероци, бидејќи Тајната служба која има улога да го обезбедува американскиот претседател користи два идентични автомобили во караванот, за да се збунат потенцијалните напаѓачи.

Трамповиот Cadillac е опремен со мноштво заштитни системи, па се проценува дека е тежок 7-9 тони, а деталите се држат во тајност од разбирливи причини.

Се шпекулира дека возилото е блиндирано, поседува специјален противпожарен систем, ноќна камера, лансер за солзавец, запечатена вентилација на кабината, систем за одбрана од ракетен напад и залиха на крв.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.