Повеќе сериозни компании работат на проблематиката наречена автономни автомобили, па сметаме дека сега е вистинско време да ги објасниме петте нивоа на поимот автономно возење
Повеќе сериозни компании работат на проблематиката наречена автономни автомобили, па сметаме дека сега е вистинско време да ги објасниме петте нивоа на поимот автономно возење.
Сериските автомобили веќе ги надминаа првите две нивоа.
Ниво 1 е основен темпомат со автоматизирано забрзување и сопирање, додека Ниво 2 додава и малку автоматизирано управување.
Битен е фактот што за наведените нивоа сепак е потребно полно внимание на возачот во секој момент, бидејќи функционалностите на овие системи се многу ограничени.
Нивото 3 е вистинска пресвртница.
Тука возачот во низа различни ситуации веќе може да го пушти управувачот, па дури и да го насочи своето внимание на нешто друго подолго време, но мора да биде подготвен да ја преземе контролата врз возилото неколку секунди пред ситуацијата да стане опасна.
Можностите на Ниво 4 суштински се исти како и кај Ниво 3, но најголемата разлика е во тоа што возачот може да биде отсутен на подолго време, со минути наместо со секунди.
Уште една битна разлика, која оди во прилог на ова ниво, е што постои можност возилото само да сопре во случај возачот да не преземе контрола.
Крајната цел на автономното возење е Ниво 5, каде возилото самостојно управува без потреба од фактор човек.
Новиот Audi A8 е со Ниво 3 и Waymo автономните возила се моментално на Ниво 4, но заради постоечките законски регулативи се со ограничено возење.
Повеќе вести од денес тука.