Видео прилогот кој денес го презентираме е повеќе од предупредување

Заморот при возењето е една од најопасните ситуации во сообраќајот. Возачот тогаш реагира успорено, деконцентрирано, а знае и да потоне во сон, што може да има катастрофални последици.

Токму низ ваква една авантура помина Krzysztof, возач од Полска.

Сонот го совладал во текот на возењето, човекот ги склопил очите, а тоа што имал дебела среќа, се извлекол жив и без последици го натерало да го објави снимениот материјал како предупредување за сите возачи.

„Пред неколку дена кога се враќав од работа возејќи заспав. Не знам кога и како се случи тоа, но се случи“, напиша Криштоф, чија незгода со среќен крај ја забележи камерата во неговото возило.

Да потсетиме дека покрај стариот пат Скопје – Тетово уште стои споменик на кој пишува:

„Другар, наспиј се, па вози!“

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.