Што е „црн мраз“ и зошто е толку ризичен и опасен?

„Црниот мраз“ се создава на коловозот по паѓање на замрзнат дожд или топење на снег, а често го формираат и самите автомобили.

При возењето во зимскиот период демнат многу опасности, бидејќи покрај снегот, на коловозот има честа појава и на поледица. Особено е ризично возењето по таканаречениот „црн мраз“.

Станува збор за вид на поледица на коловозот, која е многу тенка и провидна и со самото тоа ја поприма бојата на асфалтот што ја прави апсолутно невидлива.

Освен по „минус“, можно е да се појави и на температури до плус 4, заради што поновите автомобили го предупредуваат возачот на оваа опасна појава, штом температурата падне под споменатите +4 степени Целзиусови.

Во вакви сложени услови за возење, немојте да користите темпомат.

Погледнете како изгледа опасниот танц на „црниот мраз“:

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.