Во 60-те Citroen DS како да доаѓаше од некоја друга планета, а неговите двојни фарови можеа да се ротираат за 80 степени, следејќи го движењето на воланот

maxresdefault (1)

Во историјата на автомобилската индустрија Citroen е препознатлив по необичниот дизајн, но и по иновативните и генијални решенија, како што е хидропневматското потпирање, а посебна атракција беа фаровите на моделот DS, кои се движеа во насоката на вртењето на воланот.

Додека во средината на 50-те години на патиштата доминираа „кутиести“ автомобили, големи од надвор, а мали внатре, со пристигнувањето на „Ајкулата“ иднината стана реалност. Заради својот специфичен облик, Citroen DS како да доаѓаше од некоја друга планета.

Citroen DS

Во текот на своето производство „Ајкулата“ е усовршувана, па така редизајнираниот модел добива нови, двојни фарови со долги светла кои можат да се ротираат за 80 степени, следејќи го движењето на воланот.

На тој начин, возачот има подобра прегледност при возење низ кривини, но и при вртење на неосветлени крстосници.

Ефектите на оваа иновација се впечатливо прикажани во класичната реклама од 1968 година со динамични кадри и соодветна музичка подлога:

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.