Погледнете го видео прилогот и дознајте како изгледа ракување со автомобил вреден 16,7 милиони евра

Кога еден хиперавтомобил чини дури 16,7 милиони евра, а имате задача да го извозите од хаемската хала во која бил изложен, тогаш мора да бидете многу, мнооогу внимателни.

Во недела заврши 89-от меѓународен салон на автомобили во Женева, а по заминувањето на посетителите и затворањето на капиите, излагачите почнаа со „пакувањето“ на експонатите на тркала, меѓу кои се и некои исклучително вредни примероци.

Меѓу нив се издвојува уникатниот Bugatti La Voiture Noire, базиран врз Bugatti Chiron, а во склад со името обоен е во црно, додека рачно изработената каросерија е произведена од лесни легури и јаглеродни влакна.

Со неговата астрономска цена од скоро 17 милиони евра, ова Bugatti не само што беше најскапо возило во Женева, туку е и најскапиот нов автомобил на сите времиња.

Доколку ви е работа ова возило да го возите низ лавиринтот на саемските штандови до излезот од женевскиот салон, тогаш морате да бидете исклучително претпазливи и внимателни:

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.