Дали специјалниот BMW M4 е доволно брз да се спротивстави на Porsche 911 GT3 на патека?

imageDispatcher

Специјалните верзии на М дивизијата се секогаш одлични, а M4 GTS е уште на повисоко ниво. Турбо моторот сега доаѓа со сила од 493кс, тежината е намалена за 80 килограми, шасијата е комплетно средена, унапредено е управувањето, а тука се и подобрите пневматици.

Од друга страна, Porsche 911 GT3 е еден од најдобрите спортски автомобили на планетава, со стар пробан рецепт кој се подобрува со секој нов модел. Ова е еден од последните кој користи атмосферски мотор и има шасија која веројатно е најдобра во авто индустријата.

Двата модели Sport Auto ги доведе на Хокенхајм, каде Christian Gebhardt позади воланот го мереше времето. Porsche го преоѓа Нирбургринг за 7,25 минути, додека BMW за 7,28 така да е тешко да се прогнозира кој ќе победи.

Gebhardt зад воланот на BMW M4 GTS изминува круг за 1.09.06, додека со Porsche 911 GT3 истото растојание го поминува за 1.09.02, што е за само 0,4 секунди подобро време.

Како наведените болиди се покажаа во останатите тестови погледнете во видео прилогот:

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.