3blambe

Трет по ред на жешкиот асфалт во Серес во Грција, во спортски опремениот „Форд Фокус“, настапи младиот талентиран пејач Ламбе Алабаковски. По извозените натпреварувачки кругови во првиот настап на патеката и борбата со времето, Ламбе, задоволен од постигнатото, навести дека ќе се пласира во финалната група од петте најбрзи македонски ѕвезди.
1blambe
Во текот на целиот настап тој беше смирен и опуштен, па така „јуришањето“ и пласманот на високото трето место ја изненади целата екипа на „Високи октани“. Даниел Крстевски, специјалниот инструктор на ѕвездите, констатираше дека Ламбе има неоткриен талент за возење и дека би можел сериозно да напредува и да изгради и тркачка кариера.

blambe
Тој во сопствен стил, уште по првиот настап, изјави дека ако победи со радост ќе го вози новиот „Форд Фокус“, a автомобилот што го има ќе го прoдаде и парите од продажбата ќе ги донира во хуманитарни цели. Навистина благороден и хуман гест од популарниот пејач. Во борбата за престижната титула и атрактивната награда има уште десетина кандидати кои ни приредија многу возбудливи доживувања.

 2blambe
До следното објавување на видео прилог од атрактивниот серијал „Која е најбрзата македонска ѕвезда“, уживајте во адреналинскиот наплив од настапот на Ламбе и препознатливиот стил на водителот Жаре.

 

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Leave A Reply