Камера од командната табла на еден камионет забележила шокантна глетка

Двогодишно дете било врзано во детско седиште кое не било прицврстено за седиштето во автомобилот.

Камера од командната табла на еден камионет забележила шокантен призор во Манкато, Минесота.

На снимката јасно се гледа како низ задната врата на автомобил во движење на асфалт излетува детско седиште со бебе во него.

Возачот на камионетот кој возел позади веднаш сопрел и излегол од возилото за да му помогне на детето и да ги предупреди останатите учесници на сообраќајот.

Се обидел и да и привлече внимание на жената, но таа само продолжила понатаму, несвесна што се случува.

Погледнете ја видео снимката:

Благодарение на безбедносното седиште бебето поминало без повреди, а мајката подоцна се вратила по него.

Полицијата соопшти дека детето било прописно врзано, но детското седиште не било прицврстено за задното седиште на автомобилот.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.