На прв поглед ова е уште еден случај на самозапалување, но видео прилогот открива сосема друга, многу сурова вистина

Lamborghini Huracan Performante се запали и изгоре на една бензинска пумпа, додека неговиот несреќен сопственик го плаќаше горивото.

На прв поглед ова е уште еден случај на самозапалување, што не е вообичаено за „Ламбо“, но видео прилогот на љубител на спортски автомобили ја открива вистината.

Имено, сопственик на мини вен, кој точел гориво покрај паркираниот Huracan заборавил да го извади цревото од резероарот на своето возило кога тргнал од пумпата.

Цревото се скинало од апаратот и почнало да прска бензин на задниот дел на „Ламборгинито“, каде се наоѓал моторот кој бил усвитен од возењето, по што моторниот простор се запалил.

Пожарникарите, кои набргу стигнале на лице место, успеале да го совладаат огнот и да спречат поголема трагедија, но за жал за синото Lamborghini било предоцна – возилото целосно изгорело.

Среќа во несреќа е што никој не е повреден.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.