Двајцата најпознати филмски акциони јунаци делат иста страст кон скапоцени автомобили, а вредноста на нивните колекции е баснословна

Додека на филмското платно жестоко пукаа од сите можни калибри и вредно ги решаваа скоро сите ситуации со своите тупаници, Арнолд Шварценегер и Силвестер Сталоне, покрај славата, спечалија и импресивно богатство, а дел од него вложија во егзотични автомобили. При тоа, политичката и хуманитарната работа не им е непозната, а често подлегнуваат и на страстите на секој вистински маж.

Да, тука пред се мислиме на автомобили и тоа не било какви.

„Терминаторот“ го задржува својот имиџ кога станува збор за автомобилите, па така во неговата колекција има место за неколку „Хамери“, Mercedes Unimog, па дури и вистинско војно возило – Oshkosh M-ATV.

Од рафинираните спортисти, тука е Bugatti Veyron и тоа најпрестижната верзија, Bentley, Mercedes roadster со потпис на AMG и Porsche 911.

Сталоне со својот избор е пософистициран. Од групата на вистински машки возила ја одбрал G класата и тоа неколку модели, а од листата суперспортисти го има Ferrari, но и Aston Martin. При ова, „Рамбо“ не се „плаши“ ниту од хот родови и олдтајмери, а во својата гаража има и Bugatti Veyron.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.