Човечката креативост нема граници, без обзир дали се во прашање практични автомобили или бесмислени возила, а своевидни шампиони во оваа фела се Русите

Човечката креативост нема граници, без обзир дали се во прашање практични автомобили или бесмислени возила, а своевидни шампиони во оваа фела се, без конкуренција, Русите.

Скоро секогаш се во прашање необични автомобилски креации, како што е Ladа со шест тркала или четири мотори или Mercedes кренат на огромни тркала, поставен на камионска шасија и слично.

Меѓутоа, денешната креација која ја претставуваме е навистина нешто особено, многу ентузијасти би рекле дека е и налудничава, бидејќи во основата е еден од најскапите автомобили на денешнината.

Имено, главниот јунак на оваа приказна успеал ефтино да набави еден Bentley Continental GT и да го претвори во тенк.

Да, добро прочитавте – тенк!

Наместо стандардниот 6.0-литарски твин турбо на Continental GT, под хаубата е уфрлен 4.8-литарски V8 мотор од Toyotа Crown. Додаден е и автоматски менувач со претворувач на вртежен момент, солидна задна оска и – гасеници.

Погледнете како на крајот излезе овој смел проект, наречен Bentley Ultratank:

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.