Seat 660 не е ниту брз, ниту луксузен како R8, но е сигурно пошармантен

Sergio-Ramos-Seat-660

Капитенот на шпанската фудбалска репрезентација и на мадридскиот Реал, Серџио Рамос, замени Audi R8 Spyder за „Фиќо“.

Иако спонзорот на Реал Мадрид се погрижи за тоа секој играч да си одбере по еден автомобил (Audi R8 Spyder 5.2 FSI quattro S tronic во случајот на Рамос), Серџио стана вистински хит на шпанските медиуми со едно сосема друго возило.

На својот Instagram, Sergio Ramos објави што добил од својот брат како роденденски подарок – Seat 660, за кој се проценува дека вреди околу 10.000 евра.

Seat 660 не е ниту брз, ниту луксузен како R8, но е сигурно пошармантен, што го докажа и самиот Рамос со својата кратка изјава:

„Класиката никогаш не умира“.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.