Jaguar го претстави својот нов мал SUV под името E-Pace и тоа, ни помалку ни повеќе, туку со – спектакуларно соборување на Гинисов рекорд

01

Сместен под поголемиот брат F-Pace, претставува „смртна закана“ за моделите како што се BMW X1, Audi Q3 и други.

Jaguar го претстави својот нов мал SUV под името E-Pace и тоа со, ни помалку ни повеќе, туку со спектакуларно соборување на Гинисов рекорд.

Jaguar-E-Pace -10

Професионалниот каскадер Тери Грент успеа да прескокне дури 15,3 метри и при тоа да го заротира возилото за 270 степени.

Успешното слетување го означи соборувањето на рекордот.

Во понудата за Jaguar E-Pace се дизел моторите со сила од 150, 180 и најсилниот, 240кс силен 2.0-литарски агрегат.

Љубителите на бензинските мотори ќе можат да бираат помеѓу две верзии на 2.0-литарски 4-цилиндраш со сила од 250 и 300кс.

Зависно од моторите, E-Pace е опремен со 6-степен рачен менувач или 9-степен автоматик.

Интересен е фактот што новиот адут на Jaguar доаѓа со заден погон, додека погонот на сите тркала се купува со доплата. Цената за базниот модел на Островото е 28.500 фунти.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.