Иако поседува маса на безбедносни системи, Teslа Model S може да се украде за момент

Истражувачи од Левен универзитетот во Белгија пронајдоа начин за клонирање на електричниот клуч на Teslа Model S, возило со почетна цена од 75.000 долари.

Целата постапка е демонстрирана на Конференцијата на криптографски хардвер и вградени системи во Амстердам во понеделникот. Белгиските истражувачи открија на јавноста дека можат да го прочитаат иницијалниот авто сигнал со преносно радио од неколку метри оддалеченост.

Потоа го снимаат двојниот коден одговор на клучот и го пропуштаат низ масивна електронска комбинација на сите можни клучеви од шест терабајти.

Целиот процес трае помалку од две секунди. Кога ќе заврши, истражувачите емитираат сигнал од удвоениот клуч, го придвижуваат возилото и Model S исчезнува во непознат правец со нов сопственик.

За овој пропуст не е крива споменатата компанија, туку англиската фирма Pektron која го произведува проблематичниот клуч.

Ваквите напади ги чинат сопствениците на автомобили милиони долари, иако во 2017 година едно кинеско истражување укажа дека е можно оваа појава да се спречи со опрема која чини само 22 долари.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.