Погледнете кои се победници по категории, а кои гуми не се препорачуваат

adac-sommerreifentest

Германскиот ADAC спроведе тестирање на летни пневматици за оваа сезона и тоа во две димензии 175/65 R14 и 205/55 R16.

Погледнете кои се победници по категории, а кои гуми не се препорачуваат.

Веќе традиционално, германскиот авто-мото клуб ADAC спроведува годишно тестирање на летни пневматици, кои можат да се најдат на европскиот пазар. Тестирани се две димензии – 175/65 R14 и 205/55 R16.

Sommerreifen_17565_R14T-768x734 01

Во првата категорија, помалку неочекувано, победник на тестот е Falken Sincera SN832 Ecorun, која многу добро се покажала на сув коловоз, додека на второ место е Semperit Comfort-Life 2, која била многу добра на мокар асфалт.

Воедно, ова се единствени пневматици кои влегле во ткн. зелена зона на оценување.

Во димензијата 205/55 R16 V најдобро се покажале Michelin Primacy 3, кои доминирале во областа „потрошувачка на пневматикот“, а многу добри биле и на сув коловоз.

Sommerreifen_20555_R16V-768x800

Зад нив, пласирани се Bridgestone Turanza T001 Evo, со одлични резултати на мокар коловоз. Трети се Continental PremiumContact 5, најдобро оценети во областа потрошувачка на гориво.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.