Навикнавме на фактот дека 911 GT3 ги остава зад себе повеќето нови автомобили, но сепак овој дуел би можел за него да биде „опасен“

Навикнавме на фактот дека 911 GT3 ги остава зад себе повеќето нови автомобили, но овој дуел би можел за него да биде „опасен“. Овој пат Porsche 911 GT3 ќе си ги одмери силите со најновиот член на фамилијата модели Audi R8, суперавтомобил кој има погон на задните тркала.

Иако не е екстремна верзија која би требало да застане на црта со 911 GT3, R8 RWD има специјална шасија, ослонување модификувано за подобра динамика и е полесен за 50 килограми од стандардната верзија.

Неговото срце ни е добро познато – V10 агрегат од 5.2 литри со сила од 532кс и 540Nm вртежен момент. Забрзување од место до стотка за 3,7 секунди и максимална брзина ограничена на 318км/ч.

Од друга страна, најновиот Porsche 911 GT3 е во суштина тркачки болид со регистарски таблички.

Неговата шасија е развиено од одделението за мото спорт, а под хаубата се наоѓа атмосферски, реден 6-цилиндраш од 4 литри.

Кој од овие два лути супер спортисти подобро се снаоѓа на влажна подлога дознаваме од видео прилогот:

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.