Зад воланот на новиот хиперавтомобил на McLaren се најде Бруно Сена, поранешниот пилот на Ф1 и роднина на легендарниот Ајртон по кој овој модел го доби своето име

Британскиот произведувач го конструираше овој автомобил пред се за тркачка патека, иако може да се вози легално и по „цивилни“ патишта.

cLaren Senna е еден од највпечатливите спортски автомобили во последните децении, за погон користи 4.0 twin-turbo V8, со најголем вртежен момент од 800 Nm.

McLaren Senna има поснажен мотор од 720S, а покрај ова е и многу полесен – 1.198 килограми.

McLaren Senna од место до стотка забрзува за само 2,8 секунди, 0-200км/ч пристигнува за 6,8 секунди.

Максималната брзина му е 340км/ч, истовремено болидот генерира сила на навалување (downforce) од 800 килограми при брзина од 250км/ч.

Погледнете како McLaren Senna изгледа на патека, кога во кокпитот седи поранешен возач на „Формула 1“ и братучед на легендарниот Ајртон Сена, Бруно:

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.