Porsche уште еднаш најбрз на Рингот – 6:40.30!

Porsche 911 GT2 RS MR е новиот најбрз автомобил на Нирнургринг во класата на спортски модели, кои се легални за „цивилни“ патишта.

Моделот 911 GT2 RS MR кој кругот Нордшлајфе со должина од 20,6 километри го помина за 6 минути и 40,3 секунди, делумно е модифициран од страната Manthey Racing фирмата.

Зад управувачот беше пилотот Ларс Керн, а постигнатиот резултат беше за скоро 5 секунди подобар од времето на Lamborghini Aventador SVJ и преку 3 секунди од McLaren P1 LM.

Погледнете ја снимката на рекордното возење:

Porsche 911 GT2 RS MR е погонуван од 3.8-литарски 6-цилиндричен мотор со 700 кс и 750 Нм максимален вртежен момент, а силата се пренесува на тркалата со помош на 7-степен автоматизиран менувач со двојно квачило.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.