Жестоко тјунираниот Mercedes GLC AMG за 2,8 секунди „фаќа“ стотка и веќе на следното погледнување на брзиномерот воочуваме брзина од 300 км/ч

За сите што се запрашаа како изгледа возење на SUV од 1000 коњски сили, одговорот е – помалку застрашувачки и неверојатно брзо.

Денес на репертоар имаме Mercedes-AMG GLC 63 S Coupe во кој бесно галопираат дури 950 коњски сили.

Секако, не станува збор за сериски модел, туку за тјунирана изведба со потпис на GAD Motors. Силата на 4.0-литарскиот V8 мотор е засилена на споменатите 950 кс со монструозни 1200 Нм вртежен момент.

Познати се и официјалните параметри – четврт миља изминува за 10,3 секунди, додека за половина милја му е потребно само 16,2 секунди.

Од место до брзина од 100 км/ч пристигнува за неверојатно ниски 2,8 секунди, што е за цела секунда побрзо од сериската изведба, но и од кралот на супер SUV моделите – Lamborghini Urus.

Како сето ова изгледа во пракса ќе видиме во видео прилогот, кој е снимен на Аутобан каде ограничувања нема:

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.