Колекција на сништата која го воодушеви и Крис Харис

Кога Крис Харис ќе остане шокиран од автомобилите кои ги видел, тогаш знајте дека сигурно се работи за нешто посебно.

Во оваа колекција од сништата се наоѓаат дури 140 модерни класици, повеќето во „минт“ состојба, а водителот на популарното шоу со видео прилог не запознава со повеќето значајни модели.

Chris Harris Drives: Youngtimer secret stash

Chris Harris loses all composure on a visit to a warehouse full of mint-condition classics

Posted by Top Gear on Thursday, January 31, 2019

Мора да се признае дека е вистинско задоволство на едно место да се видат BMW Alpine B7 Turbo S од 1982 година, Renault R5 Turbo, Mercedes C126 AMG и други и тоа во состојба како сега да се излезени од фабрика.

Сопственик на оваа импресивна колекција е анонимен автомобилски ентузијаст, кој одлучил дека е време да се раздели од нив.

Сигурни сме дека овие модели ќе предизвикаат голема возбуда кај соодветни колекционери, кои ќе се надаваат на аукција токму денес во Париз, каде RM Sotheby’s ќе понуди 20-на модели, додека останатите се планирани за аукции во Флорида и Есен.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.