На еден од најпознатите сајтови за продажба на автомобили се појави вистински раритет

2

Еден од најпродаваните автомобили на светот, VW Golf, особено е посакуван на нашите простори, а постарите генерации повеќе се почитуваат.

На еден од најпознатите германски сајтови за продажба на автомобили се појави вистински раритет.

3

Станува збор за третата генерација на VW Golf од крајот на 1995 година.

Примерокот е скоро нов и совршено зачуван, за што најдобро сведочи податокот за изминатата километража – 2.330 километри.

1

Освен цената од 13.995 евра, повеќето од потенцијалните купувачи ќе ги разочара и изборот на моторот кој се наоѓа под хаубата на понуденото возило.

Наместо толку посакуваниот дизелаш, под капакот се врти робусниот 2.0 бензинец со 116кс, усогласен со автоматски менувач.

4

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.