Кога еден автомобил чини преку два милиони евра, ред е да има и соодветна услуга по купувањето, а во Bugatti овој процес е усовршен до перфекција

Кога еден автомобил чини преку два милиони евра, ред е да има и соодветна услуга по купувањето, а во Bugatti овој процес е усовршен до перфекција.

Телеметријата со која се следи секој продаден Chiron е достојна на „Формула 1“ и DTM тркачки автомобил. Возилото е под опсервација 24 часа дневно, 7 дена неделно и така во целиот негов век.

Тука не мислиме само на основните параметри на моторот, туку и на дополнителните системи, како што е на пример infotainment и климатизација.

Новата генерација на надзорната технологија обработува неверојатни 10.000 сигнали, а за сето ова е заслужна, верувале или не, алуминиумска кутија со димензии од само 140х50х100 милиметри.

Во пракса тоа значи дека сопственикот на Chiron, без оглед каде се наоѓа, треба само спокојно да вози и да не се грижи за ништо.

Дежурниот техничар, во базата оддалечена можеби илјадници километри, го следи возилото 24/7 и реагира доколку е потребно.

Во случај на посериозна грешка или дефект на 16-цилиндричниот дијамант, секогаш е подготвен „летечки доктор“.

Постојат тројца доктори, секоја е одговорен за својот регион и на услуга се 24 часа дневно. Подготвени се на повик на сопственикот на Veyron или Chiron, со првиот лет да пристигнат на потребната дестинација и да ја средат ситуацијата.

Исто така, бидејќи возилото е секогаш „онлајн“ со базата во Молсхајм, персоналот на Bugatti може возилото да го конфигурира и направи „апдејт“ без да се оди во сервис.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.