„Сопствениците на Ф1 разбираат дека Монако не е Монца и не е Спа. Тука гледачите ги гледаат трките од своите јахти со чаша шампањско, а не со џвакање на колбаси на трибините…“

Автомобилскиот клуб на Монако (AFM), кој ја организира Големата награда на Монте Карло, најави учество на популарните грид девојки во претставувањето на возачите пред почетокот на трката во кнежевството.

Оваа најава е во директна колизија со одлуката на раководството на „Формула 1“ да ја прекинат повеќедецениската традиција, со нелогично образложение дека учеството на атрактивни девојки било спротивно на вредностите на автоспортот.

„Имаме одлични односи со Либерти Медиа,“ изјави првиот човек на трката Мишел Бори, додавајќи:

„Они разбираат дека Монако не е Монца и не е Спа. Тука гледачите ги гледаат трките од своите јахти со чаша шампањско, а не со џвакање на колбаси на трибините. Немаме никакви проблеми со сопствениците на „Формула 1“. Ги слушнаа нашите аргументи и грид девојките ќе бидат на Големата награда на Монако.“

Трката во кнежевството е шеста во календарот на „Формула 1“ и на програмата е на 27 мај.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.