Во држава во која во 2017 година се случиле преку 25.000 убиства, автомобилите со балистичка заштита од огнено оружје се продаваат како алва

Огромниот бран на криминал кој го зафати Мексико последниве години не застанува, а рекордниот број на убиства од минатата година, по се изгледа, дека годинава ќе биде надминат.

Како последица на оваа грозоморна појава, енормно порасна побарувачката за автомобили кои пружаат заштита од напад со огнено оружје.

Побарувачката за автомобили отпорни на куршуми е толкава што самите произведувачи започнале да ги изработуваат овие специјални возила во мексикански фабрики.

Така Audi започна да ја склопува блиндираната верзија на својот SUV Q5 во Мексико и да ја продава во оваа земја по цена од 87.000 долари.

За сопствениците ова е многу поповолно, отколку целата работа да ја препуштат на фирми кои се бават со модификации на фабрички модели.

Сопственик на компанија за обезбедување, Артуро Авила, тврди дека повеќе пати биле жртви на напади и грабежи и дека сега неговата форма користи исклучиво блиндирани возила во Мексико Сити.

Во 2017 година Мексико е означено како втора најопасна земја во светот од страна на меѓународниот институт за стратешки студии.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.