Колку жени авто-механичари имате видено во земјава или на просторите на поранешна Југославија?

Автомеханичар

Колку жени авто-механичари имате видено во животот во Македонија или на просторите на поранешна Југославија?

Веројатно ниту една.

Но, доколку ја посетите Велика Британија, на пример, ќе доживеете сосема ново искуство.

Имено, се работи за своевиден феномен – од 2011 година бројот на жени механичари на Островото пораснал за дури 125%, па тие сега сочинуваат околу 10% од работната сила во автосервисите.

За познавачите на приликите во Британија ова можеби не е изненадување, бидејќи најновите истражувања сведочат дека на патиштата возат повеќе жени од мажи.

„Се повеќе дами носат клучни одлуки и кај големите произведувачи во автомобилската индустрија. Нема причини така да не биде и во иднина, само им е потребна шанса и охрабрување. Сигурни сме дека овие проценти ќе растат и во наредните години“, рече Алистер Престон, коосновач на сајтот WhoCanFixMyCar, кој ги спроведе овие истражувања воочи на Меѓународниот ден на жените 8 март.

Повеќе од 90% од автосервисите оценуваат дека дамите имаат позитивно влијание на механичарскиот тим.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.