По цела ноќ забавување со пријатели, дури и најтрезниот возач може да биде опасна закана во сообраќајот

премор

Заморот може да има фатално влијание во возењето, токму како и алкохолот, предупредува Германскиот совет за безбедност во сообраќајот (DVR).

Возач кој не спиел 17 часа има забавени реакции, споредливи со оние кои се јавуваат во ситуација кога возачот има 0,5 промили алкохол во крвта. По 22 часа без сон, ова расте на 1,0 промили.

Заморот претставува опасност во форма на микро сон зад воланот. Возачот ги склопува очите на само неколку секунди и вози на слепо опасно долга делница – при брзина од 50км/ч поминува 30 метри во само две секунди.

Првите знаци на замор вклучуваат често проѕевање и тешки капаци на очите. Овие појави мораат да се препознаат како знаци за предупредување и веднаш треба да се реагира со запирање на возилото и одмор, нагласува DVR.

Краткиот одмор може да помогне во совладување на заморот, а стручните лица напоменуваат дека шолјата топло кафе, за кое повеќето возачи ќе посегнат во ваква ситуација, почнува да делува дури за половина час.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.