Импресивната Lada Raven стана стварност

Пред неколку години рускиот дизајнер Дмитриј Лазарев го нацрта концептот на својот суперавтомобил, го нарече Lada Raven и го понуди на најголемиот автомобилски произведувач во својата земја AvtoVAZ, но без успех.

Луѓето од Toљати имаа други приоритети и не покажаа интерес за неговиот проект, па фантастичната Lada Raven остана проект само на хартија.

Во меѓувреме, Австријанецот Мартин Фукс, кој ја основаше својата компанија Milan Automotive со цел да конструира сопствен суперавтомобил, ги откупува правата на Lada Raven од рускиот дизајнер Дмитриј Лазарев.

Така настана Milan Red, импресивен суперавтомобил, кој деновиве е претставен на јавноста.

Неговите креатори го опишуваат како „конзервативен суперавтомобил без хибридна и електрична технологија“, што е вистинска музика за уши на секој вистински автоентузијаст.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.