„Големиот брат“ или Центар за управување и контрола на сообраќајот е место од каде се следи состојбата на 92 клучни крстосници во градот, од кои 52 се под видео надзор

soobr-9-

„Големиот брат“ или Центар за управување и контрола на сообраќајот во градот Скопје. Наречете го како сакате, меѓутоа ова е центарот од каде се следи состојбата на 92 клучни крстосници во градот, од кои 52 се под видео надзор.

Овој центар и покрај тоа што кубури со кадар се грижи за целосна контрола на сообраќајот во градот.

mkd-361777

Како што појаснуваат вработените, преку камерите што се поставени на крстосниците во градот, но и преку индуктивните детектори поставени на коловозот, од кои се врши прибирање на податоци за сообраќајот во реално време, се следи работата на светлосните сигнали во реално време, визуелно се набљудува сообраќајот и Центарот добива комплетна слика за состојбата на сообраќајот во Скопје.

Директорот пак на јавното претпријатие „Улици и патишта“ под чии ингеренции е и овој Центар вели дека последните три дена во екот на интензивните врнежи од снег преку овој центар ги лоцирале клучните точки за чистење на снегот.

kameriskopje

„Овие три дена тука беше стациониран кризниот штаб за снегот, преку овие крстосници ги следевме и ги упатувавме возилата каде да фрлаат снег. Овие три дена Скопје беше чисто зошто бевме присутни во овој центар“, вели Сенад Смаиловиќ – директор на ЈП „Улици и патишта“.

Директорот Смаиловиќ вели дека ќе иницира законски измени и ќе бара од МВР дел од парите кои граѓаните ги плаќаат за казни да одат во јавното претпријатие за усовршување на Центарот за управување и контрола на сообраќајот, за како што вели да се обезбеди поголема безбедност на учесниците во сообраќајот.

centar-33-

„Тоа ќе биде возвратено со усовршување на овој центар, за да биде побезбеден и почист градот“, вели Смаиловиќ.

Овој Центар, како што појаснува Смаиловиќ, помага во намалувањето на загадувањето од сообраќајот на животната средина, како и потрошувачката на гориво, а се зголемува комерцијалната брзина во јавниот транспорт.

traffic-night1

Извор: 24вести

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.