Дали знаете како се мери фабрички декларираната потрошувачка на гориво и зошто истата не се совпаѓа со реалната потрошувачка?

petrol_2185885c 

Произведувачите на автомобили во последно време се почесто ги рекламираат своите возила, истакнувајќи ја малата потрошувачка, која ја остваруваат нивните модели. Во праксата, многу тест возачи и сопственици на овие возила се најчесто разочарани од бројките кои се многу поголеми од фабрички декларираните, а сведоци сме на неодамнешната судска одлука во САД, која наложува еден од автобрендовите да исплати огромна сума на пари токму заради лажирање на овие податоци.

Volkswagen-VW-Golf-7-first-drive-review-2012-itsgotwheels-image-4

Кои се стандардите по кои се мери фабрички декларираната потрошувачка на гориво кај новите возила и зошто во многу мал број на случаи таа се поклопува со реалната бројка?

Она што Европјаните го нарекуваат фабрички декларирана потрошувачка на гориво се мери по NEDC (New European Driving Cycle) стандардот. По овие стандардизирани тестови се добиваат резултати за потрошувачка на возило во градска и вонградска експлоатација.

RollenprfstandmitFahrzeugvonvorn_ger

Тестирањето се врши во внимателно контролирано опкружување и по комплицирана процедура и затоа ќе пренесеме само основни и најбитни детали.

Тестот се врши на автомобил со незагреан мотор, додека температурата мора да биде во распон помеѓу 20 и 30 степени Целзиусови, во одсуство на ветер. Затоа овие тестови и се вршат во затворен простор, на ваљаци. На тој начин се обезбедуваат идентични услови за сите автомобили – исклучени климатски услови, отпор на воздух и маса на возило.

Rollenprfstandvonvorn560px_ger

Тестовите се обавуваат со комплетно исклучени потрошувачи, без вклучена клима, греач на задно стакло, радио, светла итн.

Мерењето на просечната потрошувачка во градски услови се изведува од првите 780 секунди на тестот, додека просечната потрошувачка на отворен пат се мери од 780 секунди до 1180 секунди на возење.

Просекот на овие две вредности ни дава бројка на просечна потрошувачка, која ја остварува еден автомобил.

1740240320029

Најчестата вина за критикување на овие норми се крие во фактот што овие стандарди се поставени во време кога европските автомобили беа многу полесни и послаби од денешните. Исто така, стручните лица тврдат дека стандардите би требало повеќе да одговараат на реалните услови на возење, во кои возачите често остро забрзуваат и користат голем број на електрични потрошувачи, кои се вградени во возилото.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.