Golf IV со V6 мотор од Passat R36 плус TVS Engineering компресор е еднакво на 415кс

Иако AutoTopNL воглавно користи нови модели, деновиве објавија интересен видео прилог во кој главна ѕвезда е Volkswagen Golf IV R32 и тоа не било каков.

Во своето сериско издание овој Golf под хаубата има 3.2-литарски мотор од 241 кс, а силата се пренесува преку автоматски DSG менувач со две спојки. Но, денес „на мени“ имаме посебна доработена верзија, која има 3.6-литарски V6 мотор од Passat R36, кој од сериски 300 кс со помош на TVS Engineering компресор е засилен на дури 415 кс, кои возилото со 4Motion погон одлично ги пренесува на подлогата.

Забрзувањето од место до стотка трае нешто малку над 4 секунди, а на видеото јасно се гледа како возилото забрзува до крајните 280 км/ч:

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.